Кошарка
10. May 2016 - 22:59

Плеј оф: МЗТ Скопје во финалето

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм се пласираа во финалето на кошаркарскиот плеј оф откако вечерва во третиот натпревар од полуфиналната серија ја постигнаа и третата победа над Фени Индустри.
 
Шампионот МЗТ Скопје на домашен терен славеше триумф со 100:77 (25:10; 25:25; 22:23 и 28:19). Комплетната стартна петорка на шампионот имаше двоцифрен број поени, а Урош Луковиќ постигна најмногу 17 со 10 скокови. Најефикасен на натпреварот беше Бобан Стајиќ од Фени Индустри со 18 поени.
 
МЗТ Скопје полуфиналето го доби со 3-0 во победи.
 
Во второто полуфинале од плеј офот одиграно вечерва Карпош Соколи го совлада Куманово со 74:65 (23:16; 24:12; 12:16 и 15:21). Домаќинот до победата стигна благодарение на подобрата игра во првиот дел, а во редовите на гостите неколку клучни играчи одиграа слабо. Најдобар на натпреварот беше Марко Болтиќ од Карпош Соколи со 21 поен. Карпош Соколи поведе со 2-1 во победи во полуфиналето.
 
Следниот натпревар се игра во петок во Куманово.