-->
-->
Платини потврди дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА
-->

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини денеска ги потврди најавите дека ќе се кандидира за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
- Донесов одлука да се кандидирам за претседател на ФИФА. Сметам дека оваа организација треба да сврти нов лист. Се чувствувам подготвен да ја предводам ФИФА. Има периоди во животот кога судбината е во сопствените раце, а јас сум во еден од тие клучни моменти во мојот живот, кога треба да се одреди иднината на ФИФА, изјави Платини.
Кандидатите за претседател на ФИФА имаат рок до 26 октомври да ги поднесат своите апликации, а изборите се закажани за 26 февруари 2016 година.
Сегашниот претседател на 29 мај доби петти мандат на местото прв човек на ФИФА, за четири дена подоцна да ја најави својата оставка поради корупцискиот скандал и апсењето на седум високи функционери на организацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
