Македонија
13. December 2019 - 14:13

Платил 150 евра за работа во Германија - останал и без работа и без пари

Велешанец (А.К.) кој стапи во контакт со нашата редакција пријавил измама во СВР Велес, односно платил 150 евра за работа во Германија но останал и без работа и без пари.

Тој на еден од веб огласниците во Македонија пронашол оглас за работа во Германија . Откако стапил во контакт со лицето кое го објавило огласот се виделе и разговарале за деталите. 

Му биле побарани 150 евра и понудени 1500 евра за работа во Франкфурт со платено сместување. Поминале неколку месеци не заминал за Германија и не му биле вратени парите по што случајот го пријавил во СВР Велес, од каде добил одговор дека лицето им е познато од претходно, имал одлежано казна затвор за проневера. 

А.К додава дека измамникот земал пари од најмалку 10 луѓе кои ги знае и требало да заминат на работа во Германија.