Планот за економски раст претставен пред стопанствениците од Гази Баба

Планот за економски раст и законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска беа претставени пред членките на Бизнис клубот на општина Гази Баба во рамки на 11. состанок на клубот на кој учествуваше и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
- Општина Гази Баба во делот на економското живеење на Република Македонија е исклучително значајна, бидејќи практично економијата на Град Скопје се наоѓа тука. Затоа денеска дојдов да се сретнам со стопанските субјекти од општината и подетално да им ги претставам придобивките од Планот за економски раст и законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел да им ги приближиме на стопанствениците, како и да поразговараме за сите отворени проблеми и теми кои ги имаат, изјави Анѓушев по состанокот.
Тој посочи дека смета оти домаќинот на состанокот, фирмата Ариљеметал, која, како што кажа, е една од најреспектабилните и брзорастечки извозни компании во земјава, е кандидат за користење на финасиски средства од Програмата за економски раст.
Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски појасни дека на територијата на општината егзистираат 2.745 деловни субјекти и најави дека се планира формирање на општинско јавно претпријатие кое ќе управува со четирите индустриски зони во Гази Баба.
- Како општина отворени сме за соработка и даваме поддршка на секоја фирма без разлика дали е домашна или странска. Во таа насока се работи на измена на седум ДУП-ови со цел да се изнајде решение за проблемите во делот на инфраструктурата и легализацијата на објектите на компаниите, рече Георгиевски.
Општината, како што нагласи, презема обврска да обезбеди добра инфраструктура до секој од бизнис субјектите, како и приклучок на гасовод.
Сопственикот на „Ариљеметал“ Богослав Анѓелоски нагласи дека мерките од Планот за економски раст се препознаени од членките на Бизнис клубот и додаде дека во целост ги поддржуваат.
- Цениме дека ова е многу важен момент во кој и компаниите кои можеби не размислувале да се вклучат во инвестициски процес сега може да го направат тоа. Фактот што Македонија има само 4,85 отсто извозни компании и околу 13,5 отсто увозни компании наведува на заклучокот дека сме локална економија. Ние не сакаме да се помириме со тоа и затоа овој закон е извонреден, значаен и може да се надоградува и со добри предлози опфатот од 17 до 20 проценти од фирмите може да се зголеми на 25 до 30 отсто за првата година, а во наредните и повеќе, рече Анѓелоски.
Нагласи дека на Македонија и е неопходнен многу поголем раст на БДП од 3,2 отсто за да фати приклучок со ЕУ и препорача што е можно поскоро законот да се усвои во Собранието и да се надгради во текот на неговото имплементирање.
- Нашата економија може да се подигне само преку инвестиции и зголемување на техничкотехнолошката конкурентност и на извозот, како и со едукација на кадрите. Неопходен ни е економски раст од пет, седум, па и девет отсто и за тоа имаме потенцијал и услови. Ни треба само пристап до свежи средства. Во законското решение не е разработен пристапот кон свежи средства, ако биде разработен и цената на капиталот биде пониска тоа ќе биде мотивирачки фактор за инвестирање. Потребно е МБПР да стане конкурентна банка на комерцијалните бани, а во рамки на комерцијалните банки да има потребни сектори за инвестициски активности и за комерцијално кредитирање, потенцира Анѓелоски.
Ново на Сител
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
-

Маж од Радовиш ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
