Планинарски „Февруарски поход” во Неготинско

Планинарска акција насловена „Февруарски поход”, беше реализирана денеска во Неготинско, во организација на планинарските друштва „Серта” и „Неготино” од овој град.
Неколку десетици планинари од најразлична возраст, чекореа повеќе часови со паузи, во чест на славниот Февруарски поход од историјата на Македонскиот народ.
- Ниту дождот кој паѓаше не успеа да не спречи да ја оствариме целта и да им оддадеме почит на нашите херои од Народноослободителната војска на Македонија, кои во февруари 1944 година извршиле неколку оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, рекоа организаторите на настанот, од СПД „Серта” и СПАК „Неготино-МКД”.
Учесниците во планинарскиот февруарски поход со автобус тргнаа од Неготино до неготинско Калањево. Оттаму продолжија пеш до селото Брусник каде што се стоплија со топол чај, а крајната дестинација беше селото Војшанци каде што заеднички ручаа планинарско гравче и се дружеа.
Ново на Сител
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
-

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
-

Патот Струга-Ќафасан пуштен за сите видови возила, снег на повеќе места
-

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија
