Планинарски „Февруарски поход” во Неготинско

Планинарска акција насловена „Февруарски поход”, беше реализирана денеска во Неготинско, во организација на планинарските друштва „Серта” и „Неготино” од овој град.
Неколку десетици планинари од најразлична возраст, чекореа повеќе часови со паузи, во чест на славниот Февруарски поход од историјата на Македонскиот народ.
- Ниту дождот кој паѓаше не успеа да не спречи да ја оствариме целта и да им оддадеме почит на нашите херои од Народноослободителната војска на Македонија, кои во февруари 1944 година извршиле неколку оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, рекоа организаторите на настанот, од СПД „Серта” и СПАК „Неготино-МКД”.
Учесниците во планинарскиот февруарски поход со автобус тргнаа од Неготино до неготинско Калањево. Оттаму продолжија пеш до селото Брусник каде што се стоплија со топол чај, а крајната дестинација беше селото Војшанци каде што заеднички ручаа планинарско гравче и се дружеа.
Ново на Сител
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
