-->
-->
ПЛ: Агуеро четири, Фернандињо три натпревари суспензија
-->

Играчот на Манчестер Сити Серхио Кун Агуеро е казнет со забрана на настап на четири натпревари, а неговиот соиграч Фернандињо со три по исклучувањата што ги добија на саботниот дерби дуел од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Челзи. Нивниот тим го загуби дуелот со 3:1, а играчите ги „загубија“ нервите. Агуеро неспортски со „ѓон“ го удри противничкиот играч Давид Луиз, а потоа дојде до мешаница во која Фернандињо го турна противничкиот играч Цеск Фабрегас.
Агуеро нема право на настап на натпреварите против Лестер, Вотфорд, Арсенал и Хал, додека ќе се врати за дербито со Ливерпул на 31.декември. Фернандињо право на настап ќе има на дуелот со Хал.
За Агуеро, кој на 12 натпревари во Премиер лигата има постигнато 10 голови, ова му е втора суспензија сезонава откако претходно беше казнет поради удирање на играчот на Вест Хем, Винстон Рид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
