Пјонгјанг им се пожали на ОН поради воените вежби на САД и Јужна Кореја
Северна Кореја денеска им се пожали на Обединети нации поради заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја, опишувајќи ја како „најлоша ситуација до сега“.
Амбасадорот на Северна Кореја Ја Сонг-нам во писмото испратено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш наведува дека САД „бесно итаат во воени вежби претставувајќи ја опремата за нуклеарна војна на и околу Корејскиот Полуосторов“.
Ја наведува дека Вашингтон треба да се обвини за ескалација на тензиите, а исто така го обвини и Советот за безбедност на ОН за игнорирање на „вежбите за нуклеарната војна на САД, кои по секоја цена ќе донесат ужасна катастрофа на светската популација“. Тој од Гутереш побара 15-члениот СБ да обрне внимание бидејќи таквите вежбите се закана за меѓународниот мир и безбедност.
Јужна Кореја соопшти дека воените вежби се одговор на нуклеарните и ракетните провокации од страна на Северна Кореја.
Првпат во последните три децении три американски носачи на авиони заедно пловеа во борбена формација и тоа во западен Пацифик.
Како што претходно јави МИА, на четиридневната вежба, што почнаа вчера во близина на источниот брег на Јужна Кореја, денеска се приклучија трите американските носачи на авиони „УСС Роналд Реган“, „Теодор Рузвелт“ и „Нимиц“.
Според Генералштабот на јужнокорејската армија целта на вежбата е унапредување на комбинираните операции и воздушните напади и приказ на силната волја и одлучната воена подготвеност со доминантна воена сила, во случај на криза, да се порази секаква провокација од Северна Кореја.
Заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја почна за време на азиската турнеја на американскиот претседател Доналд Трамп, на која доминираат разговорите за нуклеарната закана од Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија