Пјастри: Да бидам на чело во Формула 1 е нешто посебно

Пилотот на Мекларен, Оскар Пјастри, изјави дека е возбудливо да се победува во Формула 1, но дека е повеќе горд на напорната работа и резултатите на тимот отколку на фактот дека е водечки во генералниот пласман на возачи.
Австралиецот победи на три од пет трки оваа сезона, а по триумфот на последната трка во Саудиска Арабија, за прв пат во кариерата го презеде водството во генералниот пласман. Тој ја намали разликата од 33 поени зад тимскиот колега Ландо Норис во четири трки.
- Возбудливо е да се победуваат трки, но мислам дека водењето во шампионатот во Ф1 е посебно. По Саудиска Арабија, многу сум горд и задоволен од работата и причините зошто водиме во шампионатот отколку од фактот дека сум прв во генералниот пласман, рече Пјастре.
Пјастри има 99 бода, пред клупскиот колега Норис, кој има собрано 89, и актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул (87).
- Не се снајдов баш најдобро во Мелбурн во однос на поените, но оттогаш сè оди по нагорна траекторија. Со оглед на тоа што започнав со мала разлика и ја надоместив, мислам дека тоа е делот во кој најмногу уживам, причината зошто сум на врвот на шампионатот, вели тој.
Пјастри ги започна трките во Кина и Бахреин од пол-позицијата и победи, а во Саудиска Арабија стартуваше од второто место и по дуелот со Верстапен, кој доби казна за инцидент во првата кривина, повторно ја оствари победата.
- Мислам дека завршивме солидна работа во текот на сезоната. Моите три победи изгледаа малку поинаку. Бахреин беше силен викенд, Кина беше слична, а Саудиска Арабија беше тесно. Не помина сè како што сакав тој викенд и победив затоа што бев силен во други области, се надевам дека нема да морам да се потпирам на тоа секој викенд, но горд сум на фактот што можам да имам различни алатки и да се обидам да победам. Мислам дека тоа беше фактор. Улогата што ја играат тимот и автомобилот е навистина важна, но на лично ниво, досега завршив добра работа во различни области, рече Пјасатри.
Шампионатот во Формула 1 продолжува овој викенд во Мајами, а трката е закажана за недела во 22 часот.
Ново на Сител
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
