Писмо од Ангелов до сопругата: Не тагувај Наташа, и покрај се, задоволство ми е да и го посветам мојот живот на Македонија

Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште, нема да има кога. Чувај ми ги децата и мајка ми, пишува Горан Ангелов во писмото до својата сопруга Наташа.
Горан Ангелов вчера беше осуден на 12 години затвор поради „тероризам на 27 април“ пред Собранието на Република Македонија.
– Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата. Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е. Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија. Чувај ми се, Наташа, пишува Ангелов во писмото до сопругата и семејството што беше објавено на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
