-->
-->
Пике ги фали Меси и Роналдо
-->
Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, вели дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер меѓу луѓето, но дека неговиот соиграч Лео Меси е од некоја друга планета. Овие двајца во последните осум години ја освојуваа престижната „Златна топка“, Меси ја осви пет, а Роналдо трипати.
„Мислам дека се неверојатни, зборуваме не само за двајцата најдобри во светот, туку за најдобрите двајца во фудбалската историја“, рекол Пике.
„Секогаш говорам дека Меси има неверојатен талент. Невозможно е да се запре, таков талент не сум видел кај ниту еден друг играч. Кристијано е поинаков фудбалер – висок, силен, комплетен. Може да направи сé – да постигнува голови со глава, од слободни удари, од пенали, да мине во ситуација ‘еден на еден’. За мене Меси не е човек, а Кристијано е најдобриот меѓу обичните смртници“, дополнил дефанзивецот на Барселона.
Џерард Пике во Барселона е од 2008 година, кога Пеп Гвардиола го врати во клубот од Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потреби се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите