
Драгољуб Ј. (45) е уапсен под сомнение дека пијан со комбе кај Алексинац удрил одзади автомобил во кој се наоѓало четиричленото семејство Љубиќ од Прокупље.
Јована Љубиќ (27) и нејзината шестмесечна ќерка загинале, а лекарите се борат за живот на тригодишниот син и сопругот Драгиша (27).
Драгиша го возел семејството во „голф“ на автопатот кога меѓу Ниш и Алексинац во петокот околу 22 часот одзади ги удрило комбе со алексиначки таблички со кое управувал Драгољуб Ј.
Не знае за смртта на жената и ќерката
-Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство има буквално самачкан заден дел, на местото каде што седела Јована и нејзиното бебе. Зад нив во друго возило бил негов пријател. Тие заедно биле на свадба. Несреќниот човек го видел сударот. Возачот кој ги удрил Љубиќ побегнал. но пријателот веднаш повикал полиција и тој е уапсен, вели извор од истрагата.
Според неофицијалнтие информации, уапсениот Драгољуб Ј. во крвата имала 1,2 промили алкохол.
-На возачот веднаш по апсењето му е направен алкотест и се утврдило дека возел пијан, соопштија од истрагата/
Семејството Љубиќ било на веселба во Алексинац која ја правел колега на Драгиша.
-Ова е страшно, цело утро не можеме да се помириме. Мојата сопруга и Јована беа неразделни и токму во саботата наутро беа заедно, пред да замине на свадба. За сите нас ова е голем шок, вели сосетката.

Наводно на Драгиша се уште не му е точно кажно што се случило, односно дека останал без детето и сопругата.
-Татко му работи во Германија, како и помладиот брат, а со нив во куќата живее мајката на Драгша. Тие се една исклучителна и мирна фамилија. Страшно е ова што се случи. Се молиме сега Драгиша и синот да останат живи, вели сосетката.
Се породила во мај
Драгиша работи во приватно претпријатие во Прокупље, а претходно бил војник по договор. Јована е воспитувачка, но била невработена. Животот го посветила на децата и семејството, а ќерката која ја добила во мај годинава, била светлина во нивниот живот.
-Токму така како што си речија. Добија син па ќерка, Драгиша работеше, а Јована ги чувала децата додека на потпораснат, за да може и таа да се вработи, вели нивен пријател.