Пијан Русин направи хаос во сообраќајот: Качи човек на хауба и го возеше 30 метри

Еден руски таксист се соочува со казна од 7 години затвор откако одбил да запре поради прекршоци во сообраќајот. И тоа не е се.
Тој потоа го влечел чуварот на паркингот на хаубата од своето такси некои 30 метри и ја скршил капијата на московскиот аеродром додека се обидувал да побегне.
Инцидентот кој го забележаа безбедносните камери, започна кога возачот кој е вработен во водечка такси служба, се возел низ пешачката зона на аеродромот. Поради тоа му пријде службеник од паркингот.
Според неговите зборови, таксистот делувал како да не е при себе и одбил да одговори на неговите прашања. Другиот службеник кој се обидел да му помогне на својот колега, вели дека почувствуал силен мирис на алкохол кој доаѓал од автомобилот.
Таксистот потоа забрзано, со се паркинг службеникот на хаубата од својата кола, почнал да вози криво - лево за да го отфрли човекот кој очајнички се задржувал.
Откако успеа во својата намера и се ослободи од служеникот, таксистот побегнал но набрзо е идентификуван и по неколку часа уапсен. Обвинет е за хулиганизам и може наредните 7 години да ги помине во затвор.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
