Петта средба на децата бегалци од егејска Македонија
Петтата светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија ќе биде во знакот на одбележувањето 70 години од егзодусот.
Манифестацијата ќе започне денеска со положување цвеќе на Споменикот на децата бегалци, на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас и пред споменикот на Лазо Ангеловски во истоименото основно училиште денеска во Скопје ќе започне
Неколкудневните активности продолжуваат утре со свечен собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кој ќе биде промовирана едицијата книги „Татковината - копнеж на прогонетите“. Во Музејот на Град Скопје, пак, вечерта во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од детските домови и од досега одржаните четири средби на децата бегалци.
На 21 јули учесниците за светската средба ќе одржат пикник во атарот на манастирот „Св.Пантелејмон“ на Пилав Тепе, во Штипско.
Во соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје в недела ќе се одржи панихида за загинатите и починатите, а манифестацијата ќе заврши со свечена вечера, информираат од Организацискиот одбор на Петтата Светска средба.
Ново на Сител
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1