Петта конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одржи петта конференција на која ќе бидат опфатени теми кои, според членовите на ЗПРМ, се од посебен интерес и корисни за сите професионалци од преведувачката дејност, за корисниците на преведувачките услуги и за јавноста.
Теми на конференцијата се „Книжевниот превод - стапиците во општеството, културата и практиката; предлогот за Авторски договор и можностите за финансиска поддршка на преводот“, „Толкување во заедницата – нова категоризација, нови предизвици“, „Предизвиците при превод на судски документи и обврските и должностите при толкување во судница“.
Со лекторите по македонски и по албански јазик, пак, ќе се разговара на тема „Новите видови комуникација и предизвиците за зачувување и осовременување на македонскиот и албанскиот јазик“.
Конференцијата, која ќе се одржува од 10 часот во Стопанската комора на Македонија, ќе почне со оддавање почит на прерано починатиот преведувач Огнен Чемерски и со воведно обраќање на претседателката на ЗПРМ, Огнена Никуљски.
Ново на Сител
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
