Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува на директна вмешаност на Филипче во шверцот со илегалната дрога, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Телевизискиот настап на Филипче во кој ја негира врската со поранешниот функционер на СДС, а воедно и реалниот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, е уште една од низата манипулации и замајување на јавноста од страна на СДС и Филипче, кои ги разобличивме преку оваа фотографија.
Евидентно од сликата на која Филипче и Тони Котев стојат рамо до рамо, како петок и сабота, укажува на доброто познанство и соработката помеѓу нив.
И наместо СДС и Филипче да прават замена на тези, и да бегаат од одговорност, треба да и одговорат на јавноста зошто се толку вознемирени и хистерични за заплената на овие 30 тони дрога? Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата? Од каде предзнаења на Филипче за тоа колку камиони се потребни за одредена количина дрога? Дали промена на Правилникот за одгледување на канабис од 2023 година ја направија за олеснување на нарко-бизнисот?
И Филипче и Заев се синоним за криминал и корупција во Македонија, прашањето е колку изнесува вкупниот профит од сите криминални зделки кои ги направиле за време на нивното владеење.
Јавноста заслужува одговори и еднакво владеење на законот за сите. Затоа го повикуваме ЈО, да ја истражи релацијата на Заев и Филипче во случајот со 30-те тони запленета марихуана.
МИА
Ново на Сител
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
