Петровска: Решавањето на отворените прашања на Балканот клучно за заедничката безбедност
На последниот Самит во Мадрид, што беше многу важен во ова критично време, НАТО порача дека секој сантиметар од својата територија е важен и, второ, дека ги зајакнуваме нашите капацитети за да одвратиме и да се одбраниме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на форумот „2BS – To Be Secure“ во Будва, Црна Гора, на панелот насловен „НАТО подготвено за иднината, спремно, силно и одлучно“.
Како што информира Министерството за одбрана, во фокусот на дискусиите беше улогата на НАТО во современите безбедносни случувања, и целта да се спротивстави на предизвиците и да докаже дека е способно да одбие, одврати и брани.
На панелот, на кој учествуваа и министрите за одбрана на Црна Гора, Рашко Коњевиќ, и на Босна и Херцеговина, Сифет Поџиќ, Петровска говореше за начините како може да се дојде до решение за сите отворени прашања на Балканот.
Заклучокот од дискусијата, посочува Министерството, е дека единствената гаранција за европска и просперитетна иднина на граѓаните на Западниот Балкан е дијалог и соработка.
– Кога на 24 февруари оваа година започна инвазијата, луѓето во мојата земја прашуваа дали сме безбедни, на што одговорив – да, безбедни сме затоа што сме земја членка на НАТО. Добро познатиот Преспански договор го разреши спорот кој траеше повеќе од 20 години, помеѓу Грција и Северна Македонија. Потпишувањето на Преспанскиот договор се покажа дека е најголемиот влог во безбедноста на нашата земја. Мојата порака е дека во одредено време политичките лидери мора да донесат сериозни политички одлуки што ќе значат инвестиција во иднината на земјите, рече Петровска.
Министрите за одбрана на панелот разговараа и за актуелните предизвици со кои се соочува трансатлантската заедница, регионалните безбедносни предизвици со посебен акцент на последиците од руската воена агресија врз Украина, зголемување на отпорноста на демократиите, како и приоритетите за дејствување во трансатлантските односи.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот