Петровска приреди прием за делегациите од Германија и Израел
Општина Битола со повеќе активности ќе ја одбележи 75 годишнината од депортацијата на македонските Евреи.
Во текот на денот градоначалничката Наташа Петровска приреди прием за делегациите од Германија и Израел, предводени од Ханс Јоаким Шолц, свештеник од Протестантската црква во Баден, и амбсадорот на државата Израел во Република Македонија, Дан Ориан.
- Денешната посета и настаните што во Битола ќе се одржат утре во себе носат огромна љубов, верба за иднината, сакајќи да се потсетат на она што се случило во минатото токму на овие простори. Сите сакаат да си подадат рака едни кон други и да им покажат на возрасните, на политичарите, на лидерите, дека она што го сакаат младите е обединет свет, свет кој што ќе отвори перспектива за нив, за напредок од секаков аспект и духовен и технолошки, она што ќе значи мир и човечки вредности, она за што ние возрасните треба да се избориме, истакна градоначалничката Петровска, по приемот на делегациите од Германија и Израел.
Активностите продолжуваат вечер со манифестацијата „Биталон“ - првиот хакатон во Македонија, кој што има цел на иновативен начин, со информатички алатки, да ја раскаже, а со тоа и да ја оживее, приказната за битолските Евреи преку Еврејските гробишта и Паркот на живите во Битола.
Хакатон натпреварот е под покривителство на Министерството за надворешни работи на Израел и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола.
На отворањето на хакатонот вечер во 18:00 часот ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Ново на Сител
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите
-
Брзата интервенција на пожарникарите спречи катастрофа во Кочани | ВИДЕО
-
ЕУ со долг од 81,8 отсто и буџетски дефицит од 2,9 проценти од БДП
-
Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел
-
Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала