Петровска: Бугарија има сојузник на западната граница
Mинистрите за одбрана на Северна Македонија и на Бугарија, Славјанка Петровска и Драгомир Заков на денешната средба во Софија разговарале за безбедноста по руската инвазија на Украина, безбедноста на Западен Балкан и заедничките воени вежби.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер за одбрана Заков изјави дека Бугарија секогаш ја поддржувала евроатлантската ориентација на Северна Македонија, како и членството на Северна Македонија во Алијансата.
– Има многу јасна задача дека нашите идни генерации, никогаш повеќе Балканот, можеби во дел од Западен Балкан, нема да се споменуваат како буре барут на Европа, рече Заков.
Според него, сепак, постојат доста сериозни ризици за земјите од Западен Балкан, за регионот во кој се наоѓаат двете соседни земји, така што како членки на НАТО мора да се направи се што е потребно за да се спречи ширењето на војната во Украина надвор од границите на таа држава.
Министерката за одбрана на Северна Македонија Петровска од своја страна рече дека Бугарија има сојузник на нејзината западна граница.
– Неиспровоцираната агресија врз независна и суверена Украина докажува дека нема траен мир. Мирот и стабилноста се нешто на што мораме да работиме сите заедно, рече Петровска.
Петровска беше децидна дека Бугарија на западната граница има сојузник, со кој заедно ја гради колективната безбедност.
Таа додаде дека Северна Македонија е заинтересирана за обука на воени лекари во Бугарската воено-медицинска академија и поморската школа Никола Вапцаров во Варна.
Ново на Сител
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор