Македонија
12. July 2015 - 17:29

Петровден беше посебен за жителите на тетовско Шемшово

Празничниот ден посветен на Св. апостоли Петар и Павле беше посебен за жителите на тетовско Шемшово.
 
Денеска се осветуваше црквата Свети Георгиј, а. чинот на осветување го изврши митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештеници од тетовското архиерејско намесништво. 
 
Црквата Св Георгиј е изградена во 1913 година на темели на стара црква. 
 
По повод празникот беше отслужена утрената, како и света архиерејска златоустова литургија. Беше благословен и прережан и кумскиот колач, а за присутните верници беше приредена братско сестринска трпеза на љубовтта.
 
Лилјана Симуноска