Петмина повредени во експлозија во Париз

Пет лица се повредени попладнево при експлозија во една во станбена зграда во центарот на Париз, предизвикана од истекување на гас, јавија француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
При експлозијата, која се слушнала во голем дел на француксиот главен град, се оштетени горните катови и покривот на станбената зграда, а веднаш по неа избувнал и пожар.
Веднаш по инцидентот, полицијата ги евакуирала учениците од училишнате кантина, што се наоѓа до зградата во која се случила експлозијата.
На местото на експлозијата пристигнале неколку противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот регион околку зградата.
ТАСС јави дека експлозијата предизвикала паника кај голем број жители на Париз, кои во првиот момент помислиле дека станува збор за нов терористички напад.
Ново на Сител
-

Обвинителките Ленче Ристовска и Анита Тополова-Исајловска поднесоа кандидатури за републички јавен обвинител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
