Петмина обвинети за неовластено производство на дрога ја признаа вината

Соочувајќи се со предочените докази од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, петмина обвинети за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, на првото рочиште ја признаа вината, по што судот донесе пресуда по признание на вина, соопшти денеска Јавното обвинителство на РМ.
Обвинителството, како што е наведено во соопштението, ги товареше обвинетите дека во периодот од ноември 2014 до јули 2015 година со умисла се здружиле за вршење на кривични дела. Тие преземале меѓусебно поврзани дејствија, со искористување исти прилики и други слични околности што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со координирано преземање на истражни дејствија, како и употреба на Посебни истражни мерки и други истражни дејствија прибра релевантни докази кои ја докажуваат вината на обвинетите. Обвинителниот акт беше поднесен во јануари годинава и тоа против лицата Р.М. за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а останатите четворица А.А., З.Б., М.Т. и М.А. за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Судот на осудените им изрече казни затвор во времетраење од три до пет години.
Ново на Сител
-

Запрена постапката за набавката на мазут
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
