Македонија
16. March 2022 - 13:40

Петличковски: Исполнетост до 75% во затворени простори, за отворените делови да не се бараат сертификати

Освен препораката за симнувањето на маските во основните училишта д-р Александар Петличковски на денешната прес-конференција соопшти уште две препораки на КЗБ.

- Втората одлука која ја донесовме се однесува на капацитетот на исполнетост во затворен простор во опери, театри, кина и други затворени објекти каде досега функционираше рестрикција со максимална исполнетост од 50% сега одиме на исполнетост од 75%. Третата препорака се однесува на користење сертификати во отворени угостителски објекти, препорачуваме да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителскиот објект, вели д-р Петличковски.

Додава дека ова се препораки кои ќе ги поднесат до владата од КЗБ.

Ново на Сител