Петкратен напад врз полицијата во Авганистан
Во петкратниот самоубиствен напад врз седиштето на полицијата во градот Гардез во источен Авганистан десетици лица се убиени или ранети, соопштија авганистанските власти.
За нападот на пет бомбаши самоубијци одговорноста ја презедоа талибанците, чиј портпарол Забихулах Муџахид тврди дека повеќе од сто полицајци се убиени и ранети.
Нападот почна околу 6:30 часот изутрината, кога еден бомбаш активираше експлозив пред седиштето на полицијата во Гардез, главен град на провинцијата Пактија, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш.
По експлозијата на влезот се упатија уште четворица напаѓачи. Дениш изјави дека двајца полицајци се убиени, а петмина се ранети.
Меѓутоа лекарите во градската болница велат дека загинале најмалку пет лица, додека ранети се 30, меѓу кои и цивили.
Ново на Сител
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД