Петков ќе го разреши министерот за одбрана бидејќи не го користи зборот „војна“ за руската инвазија
На вонреден состанок на бугарската влада ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев. Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри.
Бугарскиот премиер изјави дека ниту еден министер нема право на своја политика, особено на Фејсбук, посочувајќи го неговото несогласување со ставот на Јанев да не го користи зборот „војна“ за руските напади врз Украина.
Стефан Јанев доцна синоќа преку објава на Фејсбук напиша дека ќе биде сменет од функцијата: „Не очекувајте да поднесам оставка во оваа геополитичка ситуација, моите обврски како министер за одбрана не го наложуваат тоа. Доколку оставката е само прашање на процедура, сметам на коалициските „партнери“ и на политичката сила што наводно ме поддржувала, да ги придвижат работите по соодветниот ред“.
Бугарскиот министер за одбрана не сака да се користи зборот „војна“ за руската инвазија на Украина.
-Не го користам зборот ‘војна’, се повикав на тоа што го зборува претседателот Путин и се повикав на фактот што користењето на зборот ‘војна’ треба да е многу специфично и одговорно“, кажа Јанев, кој претходно беше и премиер во една од техничките влади минатата година.
Ново на Сител
-

Лекарите преку обуки се вклучуваат во борбата против корупцијата во здравството
-

Разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат до крајот на неделата
-

Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот
-

СП 2026: Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот Белгија – Иран
-

Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
-

Салах по првата победа на СП: Неверојатно е, не знам како да го опишам чувството со зборови
-

Ѓорѓиевски: Улиците се перат континуирано, Скопје добива поубав и поуреден лик
-

САД и Иран формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан
