Петерле: Северна Македонија заслужува почеток на преговори
Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, словенечкиот европратеник Алојз Петерле смета дека би било неправедно ако нашата земја не добие датум за преговори во јуни, но признава дека има земји кои сакаат да бидеме во пакет со Албанија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Петерле е на мислење дека нашата земја ги има сите аргументи на своја страна за во јуни да добие позитивна одлука за почеток на преговорите.
-Мислам дека би било нефер, неправедно, непоштено, ако Северна Македонија не добие датум за почеток на преговорите и мислам дека не е добро што некои земји инсистираат на пакет со Албанија. Сметам дека Северна Македонија ги има сите аргументи на својата страна за да во јуни се започне со преговарањето. Тоа е почеток, а не крај на процесот, изјави Петерле.
Според Петрле изминатиов период е направено многу во земјата.
-Многу е направено, внатрешната ситуација е подобра, подобри се билатералните односи, многу се работи на реформите, владата и опозицијата соработуваат во суштинските елементи, така да мислам дека по овие долги години во чекалницата дојде времето да Северна Македонија премине во новата фаза на односите со Европската унија, изјави Петерле.
Запрашан дали земјите членки на ЕУ ќе ги послушаат препораките на европратениците за отворање на преговорите, Петерле вели дека е добро запознат со ситуацијата во некои од земјите членки и дека во наредните месеци може да се постигне напредок.
-Во мојата работа ќе се обидам да убедам некои од актерите дека ќе дојдеме до лоши последици, ако Северна Македонија сега не напредува, бидејќи оние кои не играат за Европа можат да ја искористат ваквата ситуација. Затоа треба да бидеме внимателни за последиците на одлуките во јуни. Јас сум оптимист и ќе работам на тоа да има позитивна одлука во јуни, вели Петерле.
Едно од оправдувањата за да не се брза со датум за преговори, посебно од страна на Франција и Холандија се идните европски избори на кои се почекува подем на евроскептиците. Сепак Петерле смета дека нашата земја и во идниот состав на ЕП ќе ја има поддршката на европратениците
– Не знам колку мои колеги ќе бидат повторно избрани. Н,о мислам дека оваа атмосфера, оваа поддршка која овде секогаш беше јака, ќе остани и понатаму и дека Северна Македонија ќе може да смета на поддршката на европските парламентарци, нагласува Петерле.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати