Петерле го поздрави политичкиот договор и најави доаѓање во Скопје

Копретседавачот со Мешаниот парламентарен комитет меѓу Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент, Алојз Петерле, го поздрави договорот за ставање крај на политичката криза во земјава и по тој повод, за идната недела најави доаѓање во Скопје заедно со потпретседателите на комитетот, Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски, со цел да се сретне со политичките лидери во Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, и покрај тоа што веќе една година функционира новиот Мешан комитет на Собранието и Европарламентот, проади отсуствово од работата во македонскио законодавен дом на пратениците на опозициската СДСМ, Петерле одржа само неколку подготвителни состаноци, но не и официјален состанок на комитетот што има за задача да ги приближи македонскиот и законодавнио дом на Европската унија.
- Го поздравувам политичкиот договор што е постигнат вчера во Скопје од страна на главните македонски политички партии. Договорот предвидува позитивен политички моментум и става крај на политичкиот ќорсокак што траеше со месеци. Со истиот, земјата целосно се посветува на нејзиниот процес на интеграција во ЕУ. Дефинитивно, договорот во Скопје е охрабрувачки за европската перспектива на земјата, покажувајќи ја нејзината целосна посветеност и залагање за демократски принципи, истакна словенечкиот европратеник во денешното соопштение лиферувано од неговиот Кабинет.
Според Петерле, кој е поранешен премиер на Словенија, договорот за крај на политичкат акриза во Македонија ќе овозможи да се релансира во полн формат и Мешаниот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ, а тоа значи обезбедување важен чекор напред кон зајакнување на дијалогот со Европската унија.
По тој повод, Петерле објави дека заедно со заменик-претседавачите на Мешаниот комитет, што според сознанијата на МИА се бугарските европратеници Станишев и Џамбаски, идната недела ќе ја посети Македонија со цел да се разговара за идните активности на Мешовитиот парламентарен комитет и размена на мислења со главните политички лидери.
- Во таа смисла, јас им честитам на комесарот Хан и неговиот посреднички тим во водењето на процесот на посредување што доведе до плодни резултати, нагласи Алојз Петерле.
Ново на Сител
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
