Пет планинари од ПК Љуботен го искачија Митикас, највисокиот врв на Олимп
Пет члена група на планинари од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово викендов се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција. Дел од екипата беа Надир Мурсели, Владимир Златковски, Игор Стојановски, Дарко Спировски и Бојана Арсовска.
– Искачувањето започна во саботата околу 5 часот изутрина и претставувааше подвиг во еден ден, со поминати 15 часа на планина. Се тргнува од еден паркинг што се наоаѓа на 1100 метри надморска височина кон врвот Скала на 2882 метри надморска височина. До врвот Скала е поприлично лесно планинарење со пешачење. Најголемиот предизвик е делот од врвот Скала до врвот Митикас на 2917 метри каде што има спуштање па големо искачување на карпест предел. Целата екипа на ПК Љуботен се искусни планинари, кои добро се познаваат и не беше проблем да се синхорнизираме и организираме, објаснува Надир Мурсели.
Тетовските планинари се искачија на овој врв во рамки на планирана клупска акција, но на потфатот им се приклучила и четиричлена екипа од повеќе планинарски клубови од Босна и Херцеговина.
– Ние дента имавме вкупно 4000 метри висинска разлика ако се соберат должините со качување и враќање, информира Мурсели.
Искачувањето на највисокиот грчки врв е дел од планираните клупски акции за 2022 година.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево