Песната „Деспасито“ ја заживеа економијата на Порторико, еве како
Пред само два месеци гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, прогласи банкрот на земјата со идеја да го реструктуира долгот од 70 милиони долари.
Но, последните извештаи откриваат дека глобалниот хит „Деспасито“, Луис Фонси и Деди Јенки ги зголеми интересот за земјата, во која се родени овие мега ѕвезди.
Туристичкиот интерес за Порторико порасна за 45 отсто, откако песната почна да се слуша во целиот свет, објави весникот „Ун Нуево Диа“.
Според весникот, ваквиот интерес на туристите се должи на фраза „Вака тоа го правиме во Порторико“ и на желбата да се видат спектакуларните локации на кои е снимен спотот.
Како што се наведува во тесктот, туристичките оператори во цело Порторико почнаа да ги нудат локациите од спотот во своите тури, како што се клубот „Ла Факториа“ во стариот дел на Сан Хуан и квартот Ла Перла.
Луис Фонис кога ја слушна веста реагираше на Инстаграм: „Какво е задоволството да се прочита ова во интернационалните медиуми. Порторико е вистински протагонист и во песната и во спотот“.
Тој исто така, им се се заблагодари на Јенки, на „Мис унвиерзум 2006“ Зулејка Ривера и на директорот на групата „Еластик пипл“, Карлос Перез.
Песната за пет месеци има 2,5 милијарди прегледи на интернет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници