Песков: Споредбата на Бајден меѓу Путин и Хамас е неприфатлива
Кремљ го осуди обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во кое тој ја спореди Русија со терористичката група Хамас и го нарече Владимир Путин „тиранин“.
– Не прифаќаме таков тон во однос на Руската Федерација, во однос на нашиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Бајден, во вчерашното обраќање до нацијата од Овалната соба, рече дека САД мора да застанат со Израел и Украина пред Русија и Хамас, кои се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“.
– Не можеме и нема да дозволиме терористите како Хамас и тираните како Путин да победат. Одбивам да дозволам тоа да се случи, нагласи Бајден.
Песков рече дека таквата „реторика тешко одговара за одговорни лидери на држави и тешко дека може да биде прифатлива“ за Москва.
Напорите на САД да ја „задржат“ Русија ќе се покажат како неефикасни, додаде портпаролот на Кремљ.
Ново на Сител
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
-

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул
-

Бројот на жртви во уривањето на зграда во Триполи се искачи на 13
-

Лавров: НАТО, ЕУ и ОБСЕ стануваат застарени организации
-

Откриена нова крвна група - решена мистерија стара повеќе од педесет години
-

ФСБ тврди дека зад атентатот врз генералот во Москва стојат украинската и полската разузнавачка служба
-

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка
