Песков: Путин сам ја донесе одлуката за повлекување
Рускиот претседател Владимир Путин лично ја донесе одлуката за повлекување на руските сили од Сирија, изјави денеска потпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
- Тоа е одлука на претседателот и главно е заснована на податоците за резултатите од акциите на рускиот контингент во Сирија, објасни Песков, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека Путин заклучил оти клучните задачи се воглавно исполнети.
- За тоа не се разговараше со странските колеги, тоа беше одлука на рускиот претседател, заклучи Песков.
Портпаролот на Кремљ образложи дека руската војска останува во две бази во Сирија, Хмемим и Тартус.
-Тие бази остануваат и тие секако не можат да функционираат без луѓе, нагласи Песков.
Путин вчера наложи повлекување на руската сила од Сирија, потсетува Танјуг.
Русија започна акции во Сирија на 30 септември минатата година до примирјето постигнато на 27 февруари.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак