Песков: Путин и Трамп се феноменално блиски во надворешната политика

Концептуалните пристапи на претседателот на Русија Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, во надворешната политика се феноменално блиски, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Toj се осврна на говорот на Трамп по изборите, во кој САД и нејзините интереси ги наведе како приоритет изразувајќи подготвеност да гради односи и води дијалог со сите земји онолку колку тие би сакале.
- Русија се надева на нивен добар личен однос, истакна Песков, но и укажа дека ќе биде потребно време да се обнови довербата во односите, кои се на најниска точка во последните неколку децении.
Песков потврди дека руски експерти биле во контакт со поединечни членови од тимот на Трамп за време на кампањата, но повтори дека руската Влада и безбедносните агенции немаат никаква врска со кибер-нападите.
- Кога Трамп, на 20 јануари, ќе даде заклетва, Путиn желно ќе очекува разговор со новиот американски лидер, додаде Песков.
- Тој цврсто ја поддржуваше идејата за добри односи меѓу нашите две земји бидејќи ние носиме заедничка одговорност за стратешката стабилност во светот, истакна портпаролот на Кремљ.
Тој наведе дека Русија и САД мораат заедно да се позанимаваат со „многу опасните прашања за глобалниот тероризам“.
- Живееме во многу, многу опасен свет и единствена можност за сите нас е да почнеме да разговараме едни со други и да соработуваме за да го подобриме овој свет, порача Песков.
Портпаролот нагласи дека Русија и Путин „навистина се надеваат оти постојат шанси за оптимизам во односите со САД“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
