Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас

Кремљ ја исклучи можноста за одржување мировни преговори со Киев сè додека украинската армија не се повлече од источниот регион Донбас, што делумно е контролиран од Москва.
-За да се воспостави прекин на огнот и да се отворат вистински мировни преговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да им нареди на украинските сили да го положат оружјето и да се повлечат од Донбас, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој го повтори главното барање на Москва од летото 2024 година за крај на војната, што Киев го смета за неприфатливо.
Двете страни потоа ќе можат безбедно да започнат преговори, кои неизбежно ќе бидат многу тешки и ќе се осврнат на многу важни детали, наведе Песков.
Разговорите помеѓу Русија и Украина, водени со посредство на САД, се во застој откако почна војната на Блиски Исток во февруари годинава.
Со посредство на американскиот претседател Доналд на 9,10 и 11 мај беше прогласен тридневен прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
