-->
-->
Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина
-->

Новогодишното примирје на украинското бојно поле во моментов не е предмет на разгледување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сè уште нема дискусии за тоа, во тек е сосема друг процес“, рече Песков како одговор на новинарско прашање дали имало какви било разговори за тоа, пренесоа руските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија се залага исклучиво за долгорочно решение на украинскиот конфликт без никакви привремени прекини на огнот, истакнувајќи дека постигнувањето на такво решение е можно само по елиминирање на основните причини за конфликтот, пренесоа руските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
