Песков: НАТО ја третира Русија како закана
НАТО ја третира Русија како закана, но Русија сака да развива добри односи со сите земји и организации, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ТАСС.
- Говорејќи за тоа кој за кого е вистинска закана, не треба да ги заборавиме честите изјави, кои сме ги чуле изминатите години од Брисел, од лидерот на НАТО, а во кои Русија се третира како закана, рече Песков.
- Таквите изјави не остануваат само на зборови, гледаме вистински чекори за зајакнување на воените потенцијали, кои се повеќе се приближуваат кон руската граница, додаде Песков.
Коментарите на Кремљ следеа по изјавата на американскиот претседател Барак Обама во која тврди дека рускиот претседател „Владимир Путин гледа на НАТО, ЕУ и Трансатлантската унија како закана за руското влијание“.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор