Песков: Москва е разочарана од немањето напредок во односите со САД
Русија е разочарана поради тоа што и два месеци по стапувањето на должност на новата американска Администрација, не е постигнат напредок во однсоите меѓу Москва и Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој нагласи дека изборот на Доналд Трамп за американски претседател, кој во кампањата повикуваше на подобрување на руско-американските односи, разбудил надежи во Кремљ за можен дијалог, но, според него, засега нема никакви показатели за напредок на тој план.
- За жал ние се уште немаме јасна претстава кога ќе почне тој дијалог, изјави Песков во интервју за Си-Ен-Ен емитувано денеска.
Песков истакна дека некои изјави на Трамп за Русија во текот на предизборната кампања поттикнале надежи дека САД ќе ги укинат санкциите кон Москва, воведени поради кризата во Украина, додавајќи дека сепак Кремљ „некогаш нема да го постави тоа прашање на дневен ред“
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација