Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор

Русија ја поздрави новата национална безбедносна стратегија на САД како позитивен чекор за билатералните односи, се вели во изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објавена денеска.
Ревизијата на администрацијата на Трамп, која повеќе не ја наведува Русија како директна закана, е позитивен чекор, изјави Песков за државната новинска агенција Тас.
Како што пренесе ДПА, тој рече дека Москва внимателно ќе ја проучи ажурираната стратегија, истакнувајќи дека таа се разликува од претходните американски пристапи кон Русија.
Белата куќа ја објави новата безбедносна стратегија во четвртокот. Иако ставањето крај на војната во Украина го идентификува како клучен американски интерес, документот содржи малку критички забелешки за Русија.
Стратегијата нагласува дека завршувањето на непријателствата е неопходно „за стабилизирање на европските економии, спречување на ненамерна ескалација или проширување на војната“ и повикува на „стратешка стабилност“ со Москва.
Спротивно на тоа, таа ја критикува Европа, наведувајќи намалување на демократијата и слободата на говорот, и повикува на корективни мерки. Се укажува на прашања, вклучувајќи ги миграциските политики, „цензурата на слободата на говорот и сузбивањето на политичката опозиција, намалувањето на наталитетот и губењето на националните идентитети и самодовербата“.
МИА
Ново на Сител
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
-

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп
-

Премиерот Мицкоски во Штип, АКТИВА ги проширува капацитетите
-

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство
-

Претежно облачно со слаб локален дожд
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
