-->
-->
Пешевски: Народот е со нас, ние работиме за народот и за успешна и стабилна Македонија
-->
Денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски ја посети општината Конче, каде што оствари средба со ОК на ВМРО-ДПМНЕ конче и разговараше со тамошните жители.
– Десетина денови членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се на терен, помеѓу своето членство, помеѓу своите граѓани. Ги посетуваме сите градови, општини и помали населени места, секој еден човек за нас има подеднакво важно значење, изјави Пешевски.
Тој додаде дека како никогаш досега ВМРО-ДПМНЕ влегува подготвен во новата предизборна трка, со одлична и содржајна програма, со високо ниво на ентузијазам и желба за нова победа на изборите.
Важен е секој еден глас, за нас 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, за нови патишта, водоводи, канализациони системи, за продолжување на модернизацијата на здравствениот систем, за подобро образование, за отворање на нови работни места, за посодржаен живот на помладите генерации и за помирна старост на пензионерите. Народот е со нас, ние работиме за народот. За успешна и стабилна Македонија, изјави Пешевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска