Пешевски: Македонија и годинава ќе има економски раст меѓу највисоките во Европа

И натаму очекуваме македонската економија оваа година да има раст и тоа да биде еден од највисоките во Европа. Проекциите што ние ги имаме и кои кореспондираат со голем број финансиски институции, покажуваат само мала корекција надолу, но ни приближно не може да стане збор за тоа дека нема да имаме раст.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по денешната промоција на Електронскиот катастар, одговорајќи на новинарско прашање - како ја толкува оценката на еврокомесарот Јоханес Хан кој во интервју за Радио Слободна Европа дека економскиот раст во Македонија од очекуваните четири отсто, моментно е нула проценти.
Според Пешевски, Хан можеби не располагал со најпрецизни податоци во овој момент.
Во врска со информацијата дека 30 одлуки на странски инвеститори се ставени во мирување, Пешевски нагласи дека оваа година очекува да биде рекордна по бројот на објавени нови странски инвестиции.
- Интензивно водиме активни разговори со голем број од нив така што, дали некој поради ситуацијата ги одложил плановите, тоа е веројатно, но има голем број со кои продолжуваме, а кои премиерот и минситрите ги најавуваат и ќе ги најавуваме во идниот период. Се разбира дека ситуацијата не влијае поволно да се зголеми бројот на странските инвеститори, но сега се собираат плодовите од она што е работено во изминатиот период, потенцира вицепремиерот.
За денешната оценка и препораките на ММФ, Пешевски ги упати новинарите да бараат одговор од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
-

Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
