-->
-->
Пешак загина во сообраќајка кај Арачиново
-->

Во сообраќајка што се случила вчера во близина на скопско Арачиново загинал пешак. Возачот го напуштил местото на сообраќајката.
Како што соопшти полицијата, вчера на автопатот-обиколница на град Скопје во непосредна близина на надвозник за село Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак кој починал на самото место. Возачот на автомобилот го напуштил местото на сообраќајката.
Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт кај пешакот. Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возач и возилото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
