Македонија
11. December 2020 - 11:38

Пешак тешко повреден откако бил удрен од камион во Кавадарци

Вчера околу 11.15 часот во Кавадарци на крстосницата од улиците „7 Септември“, „Илинденска“, „Мито Хаџивасилев“ и „Тиквешко Востание“, товарно возило „пежо партнер“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.З.(26) од с.Ваташа, кавадаречко, удрило во пешакот И.Т.(72) од Кавадарци.

По незгодата, И.Т. била префрлена во Ургентен центар Кавадарци, каде ù биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на незгодата.