-->
-->
Персоналот во српската Амбасада во Скопје се враќа утре
-->

Персоналот на српската Амбасада утре ќе пристигне назад во Скопје. Ова, како што соопшти Министерството за надворешни работи, го информирал првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ во разговор попладнево македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Во соопштението наведуваат дека е договорена и средба меѓу Димитров и Дачиќ во петок во Ниш.
- Согласно договореното меѓу премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат во петок во Ниш, Република Србија, наведуваат во соопштението од МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
