Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, изјави дека не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“ на денешното судење во Основен кривичен суд Скопје.
На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авди, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.
На денешното рочиште, обвинетиот Авди, исто така, изјави дека не се чувствува виновен.
Бајрами, заедно со поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу се товарат дека ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.
Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.
Претходно во бегство беше и поранешниот вицепремиер Груби, кој се предаде на органите за прогон во февруари годинава, по една година бегство.
Обвинението за овој случај го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а процесот го води судијката Билјана Шуплиновска Јовевски.
МИА
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
