-->
-->
Перез барал од Мурињо да направи „чистка“ во Реал?!
-->

Биографијата на Жозе Мурињо од авторот Роб Бисли, во продажба ќе излезе за две недели, но според пикатнериите со кои обилува, а кои излегуваат во јавноста, на добар пат е да стане вистински бестселер.
Мурињо, секогаш темпераментен, некогаш и непријатен за колегите и фудбалерите, открива како му се заканувал на Арсен Венгер дека „ќе му ја скрши фацата“, како на капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, му се обраќал со „дебелко“, но најновата пикантерија која е поврзана со Реал и неговиот претседател Флорентино Перез го надминува претходното.
Иако престојот на Мурињо во Реал не беше премногу успешен и резултираше со турбулентен раскин на договорот во 2013 година, во книгата се појавува податок за начинот на кој Перез се обидувал да го врати Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“.
„Те сакам и би сакал да се вратиш за да го исчистиш клубот и соблекувалната од г....а какви што се Касиљас, Пепе, Марсело и Серхио Рамос“, била пораката од првиот човек на Реал до Мурињо.
Познато е дека за време на престојот во Мадрид Мурињо не „го мирисаше“ Касиљас, кого го означи како кртот кој на новинарите им открива што се случува во соблекувалната.
Во судирот помеѓу нив двајца Рамос, Пепе и Марсело застанале на страна на тогашниот капитен Касиљас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
