-->
-->
Пепе заминува од Реал
-->
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната и ќе се пресели во Кина, во екипата на Хабеи. Шпанските медиуми пренесуваат дека Португалецот договорил двегодишна соработка вредна 15 милиони евра по сезона.
Пепе (34) решил да го напушти Реал откако клубот не се согласил да му понуди нов двегодишен договр. Челниците на Реал, следејќи ја клупската политика на Пепе му понудиле едногодишна соработка.
Хебеи неодамна го презеде поранешниот тренер на Малага, Реал и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, а во овој тим настапуваат Есекијел Лавеци, Жервињо и Стефан Мбија.
Пепе во Реал пристигна во 2007 година од Порто за сума од 30 милиони евра и досега има одиграно 327 натпревари, на кои постигнал 14 голови.
Со Реал, меѓудругите, има освоено две титули во Лигата на шампионите, а минатото лето со Португалија стана европски шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
