Пензионери од Чешиново - Облешево на предавање за заштита од крадци, измами и семејно насилство
Полициската станица во Кочани во соработка со кочанското Здружение на пензионери, а подпомогната од СВР Штип, денеска одржа предавање за пензионери од територијата на општина Чешиново - Облешево, за тоа како да се заштитат од крадци и други измами, како и од семејсно насилство.
- За овие тематски предавања со пензионерите повод се зачестените измами со пари, накит и дрва во кои се вовлчени и луѓето од третото доба. Поради зголемениот број измами и кражби полициска станица Кочани за време на летниот период ја алармираше потребата од едукација на пензионерите од општините Кочани, Зрновци и Чешиново - Облешево, за да се заштитат од ваквите појави. По предавањето во Kочани денeска реализираме вакво предавање и со пензионерите од Чешиново-Облешево, изјави Ангелчо Стојановски, началник на одделението за превенција при СВР Штип.
Претседателот на Здружението на пензионери од Кочани, Ѓорги Серафимов изјави дека вакви предавања чија цел е подигнување на свеста кај повозрасните, да не прифаќаат лесно понуди од страна на непознати луѓе, се повеќе од корисни за пензионерите.
- Во Кочани ваква средба се одржа пред две недели. Денеска бевме мегу пензионерите од Чешиново Облешево, а за 26 август е закажана средба со пензионерите од општина Зрновци, рече Серафимов.
Тематските средби со пензионерите се дел од проектот „Полицијата и граѓаните заедно“.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина