Пентагон: САД испраќаат два ракетни системи земја-воздух во Украина
Соединетите Американски Држави и испраќаат на Украина два ракетни система земја-воздух НАСАМС, четири противвоздушни радари и до 150.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри, дел од најновиот пакет оружје за Украина, објави Пентагон.
Пакет помош вреден приближно 820 милиони американски долари најави во четвртокот американскиот претседател Џо Бајден во Мадрид по средбата со лидерите на земјите членки на НАТО, на која се разговараше за руската инвазија на Украина.
Пентагон даде дополнителни детали во петокот откако најавата стана официјална. Пакетот ќе вклучува и дополнителна муниција за високомобилните артилериски ракетни системи ХИМАРС.
Целта на американското оружје е да му се помогне на Киев, кој се соочува со силно гранатирање од руската артилерија. Русија го зголеми бројот на ракетни напади врз украинските градови откако нејзините сили постигнаа успех на бојното поле во источна Украина во обид да го принудат Киев да ја предаде власта над две отцепени провинции на проруските сепаратисти.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа