Пентагон им нареди на војниците да го отстранат од униформите симболот на курдската група

Пентагон им нареди на војниците од американските специјални сили во Сирија да го отстранат од униформите симболот на курдската група Сили за заштита на народот.
Портпаролот на Пентагон Стив Ворен изјави дека на војниците ме им било дозволено на униформите да го имаат симболот на Сили за заштита на народот.
Тој додаде дека почнала процедура за дисциплински казни.
Шефот на турската дипломатијата Мевљут Чавушоглу вчера изјави дека САД манифестираат дволичност штом Силите за заштита на народот на сириските Курди, не ги сметаат за терористичка организација.
Чавушоглу нагласи дека е неприфатливо војници кои се сојузници на Турција да носат симболи на Силите за заштита на народот.
- Армија која се претставува за сојузник на Турција и објавува дека е подготвена да се бори против тероризмот, не може на униформите да има симболи на терористичка организација. Тоа е неприфатливо, истакна Чавушоглу на прес-конференција во турското летувалиште Анталија, каде се одржа Самит на ОН на најслабо развиените земји.
Тој додаде дека не го прифаќа објаснувањето на Вашингтон дека симболите се за заштита на војниците.
- Во таков случај ние би му препорачале да користат и симболи на Исламската држава, на Фронтот ал Нусра и на Ал Каеда во Сирија и на Боко Харам во Африка, наведе Чавушоглу.
Анкара ја смета организацијата Сили за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција е прогласена за терористичка организација.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
