-->
-->
Пентагон достави до Белата куќа план за борба против ИД
-->

Министерството за одбрана на САД достави првичен план до Белата куќа за борба против терористичката организација Исламска држава.
На 28 јануари, осум дена откако стапи на должност претседателот Доналд Трамп на Пентагон му даде рок од 30 денови за да подготви предлог за забрзување на кампањата против ИД.
- Претставениот план е рамка за една поопшта стратегија против ИД, истакна портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.
Тој додаде дека во предлогот е наведено дека борбата против ИД нема да биде само во Сирија и во Ирак, каде што контролира територии, туку во целиот свет.
Предвидено е секретарот за одбрана Џејмс Матис ќе го претстави планот пред високи претставници на администрацијата на Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
