Пенков од ВМРО-ДПМНЕ на прес му честиташе победа на Делков од СДСМ
На прес конференција, денеска кандидатот за градоначалник на Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Златко Пенков, му ја честита победата на неговиот противкандидат од СДСМ и коалициските партнери Тони Делков. Му посака успешна работа. Тој се заблагодари за поддршката и рече дека секогаш ги почитува одлуките на народот.
Пенков освои 5.630, а Делков доби 6.455 гласа. Независниот кандидат Ѓорѓи Ајтов освои 135 гласа.
На гласање излегле 12.549 неготинци, а излезноста е 78.08 проценти.
Групата избирачи на Сашо Николов освои 471 глас. Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби 5.287 гласа, а таа на СДСМ и коалициските партнери освои 6.349 гласови. Според првичните податоци, СДСМ и коалицијата освоија осум, а ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери седум советнички места.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце